arena.mk

Во знакот на дебитантските настапи и голови

Во знакот на дебитантските настапи и голови…

Денешниот ден е важен за голем дел на фудбалерите на Вардар кои што за прв пат во почувствуваа „вкусот“ на настап во сениорскиот тим. „Црвено-црните“ во рамките од 22. коло против Силекс одиграа со 10 од 11 играчи под 21 година, а некои од нив за прв пат имаа можност да играат во сениорската екипа, додека за повеќемина ова беше прв официјален натпревар во дресот на Вардар. Денеска беше ден за дебитантски настапи, но и за први голови.

Свои први официјални настапи во дресот на Вардар го имаа левиот бек Филип Антовски, потоа стоперите Никола Серафимов и Марио Младеновски. Во средниот ред дебитираа Али Адем и Фитор Реџепи, додека во нападот Јакуп Бериша го играше првиот официјален меч во Вардар.

Од клупата за резерви влегоа Виктор Пешевски, Божидар Митревски и Абулхади Јахја, исто така за нив беше прв официјален настап во дресот на сениорската екипа на Вардар.

Од сите овие гореспоменати играчи, Антовски, Серафимов, Реџепи и Бериша играа за „црвено-црните“ на пријателски натпревари на подготовките во Анталија.

Ова беше и ден за дебитантски голови. Двата против Силекс ги постигна Јован Попзлатанов кој што за прв пат се запиша во листата на стрелците на официјални натпревари во дресот на Вардар. Тоа му успеа на денешниот, кој што беше петти негов одигран во дресот на „црвено-црните“. Тој погоди во 2. минута, и потоа во 84. минута од средбата со Силекс, но недоволни за да се избегне поразот од кратовската екипа.

Голманот Игор Алексовски за прв пат ја носеше капитенската лента на Вардар. Тој беше највозрасен на теренот со 23 години, и со најмногу настапи од играчите кои се најдоа на теренот. Затоа тој ја имаше честа да биде предводник со лентата на денешниот меч.

Оставете коментар