Ги изненади сите: Буфон објасни зошто станал голман

Легендарниот италијански голамн Џалуиџи Буфон после Светското првенство наредното лето кое се игра во Русија, сигурно ќе ја заврши својата кариера.

Буфон преку сјајните натпревари на голот на Јувентус и репрезентацијата на Италија израсна во еден од најдобрите голмани на светот, а иако се наоѓа на самиот завршеток на кариерата, се уште воодушевува со своите одбрани. Сепак, речиси сигурно е дека Џиџи ќе ги остави своите ракавици наредното лето после Светкото првенство во Русија.

Италијанскиот голман после натпреварот против Шпанија одлучи да даде интервју во кое разговараше за својата богата кариера. Буфон откри поради што одлучил да стане голман, и кој е најголем виновник за тоа што се случило.

Јувентус за кратко ќе ја направел најголемата грешка во историјата

Секако, неговиот одговор шокираше многумина бидејќи ретко кој помислил дека идол му бил некогашниот голман на Камерун.


“Кога бев дете постоеше голман кој за мене беше нешто неописливо. Тоа беше некогашниот голман на Камерун, Томас Н’коно. Го видов на Светското Првенство во 1990 година, и кога Камерун играше против Италија, јас искрено навивав за Камерун токму поради него. Првиот натпревар беше помеѓу Аргентина и Камерун кој што го гледав со задоволство. Победи Камерун, и јас тогаш одлучив да станам голман”, изјави Буфон.


Арсен Венгер откри интересна тајна за тоа што се случувало за време на трансферите

Оставете коментар