Голманот на Манчестер Сити го покажа своето лице откако беше фаулиран од Саудио Мане

Голманот на Манчестер сити, Едерсон го покажа лицето по бруталниот старт на напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане во дербито на четвртото коло во англиската Премиерлига.

Несреќниот Бразилец заврши во крв, по мечот доби и неколку шавови, а за спомен од настапот на „Етихад“ ќе останат лузните.

Сенегалецот заслужено доби црвен картон за ударот со копачка во лице. Неговото исклучување во 37 минута во голема мера ја олесни работата на „граѓаните“ кои на крајот славеа со убедливи 5:0.

Мане, во секој случај, го очекува санкција за невнимателниот старт за што последниот збор го има Фудбалската асоцијација на Англија.

Сподели

Оставете коментар