Голот на Манџукич и официјално најдобар погодок за оваа сезона

Марио Манџукич доби големо признание од навивачите ширум Европа.

UEFA објави дека погодокот на Марио Манџукич во финалето на Лигата на шампионите и официјално е најдобар гол за оваа сезона во елитното европско клубско натпреварување.

Така одлучија навивачите кои во последниве недели можеа да гласаат за најдобриот гол на Лигата на шампионите, во анкета на официјалната страница на UEFA.

Да се потсетиме, Манџукич постигна навистина ретко виден погодок за натпревар од Лигата на шампионите.

Гонзало Игуаин прими топка на гради од Алекс Сандра и ја префрли до Манџукич кој исто така топката ја прими на гради и со чудесен удар, го постигна најдобриот гол оваа сезона.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Сподели

Оставете коментар