arena.mk

Гонзалес: Не бевме најдобри, но задоволен сум што сме први

Гонзалес: Не бевме најдобри, но задоволен сум што сме први…

Вардар ја заврши групната фаза од лигата на шампионите како првопласиран, и во последното коло на домашен терен одигра реми, 31-31 против Висла од Полска. Со 21 бод вардарци се најдобриот тим во А групата и директно се пласираше во четврт-финалето на ЛШ.

На прес-конференцијата тренерот Раул Гонзалес изјави дека иако тимот не бил на висината на задачата, сепак е задоволен што во вака тешка сме првопласирани.

„Нашата одбрана не беше на вистинското ниво на средбата против Висла. Имавме проблеми и тоа се виде на теренот. Висла одигра подобро од нас, но јас сум задоволен што успеавме уште една сезона во тешка група да обезбедиме прво место. Имавме силни противници, но сите дадовме се од себе, изјави Раул Гонзалес тренерот на Вардар.

Натпреварот беше полн со пресврти, а Вардар имаше шанса и да победи, но последниот упатен удар кон голот на Висла го одбрани противничкиот голман.

„На крајот овој резултат веројатно е најреалниот за она што беше направено во текот на сите 60 минути. За нас е уште една успешна сезона и останува да се насочиме кон оние средби кои ни останаа до крајот на сезоната и да успееме на најдобар можен начин да ја финишираме”, изјави Јања Војводиќ.

Тренерот на Висла Плоцк, Пјотр Пржибецки не успеа да го постигне посакуваниот триумф во Скопје.

„Му честитам на Вардар и на мојот колега Раул за освоеното прво место во групата и директниот пласман во четврт-финалето. Посакувам Вардар да го повтори успехот од лани. Горд сум на моите играчи бидејќи одигравме најдобро што можеме против еден одличен тим. Ние сме во фаза на развој и допрва ќе можеме да го покажеме вистинското. Се работеше за мала разлика и нијанси одлучија за осминафиналето, но ние не успеавме да дојдеме до него”, изјави Пржибецки.

Оставете коментар