Дали Роналдо е главниот виновник поради слабата игра на Реал Мадрид?

Дали Роналдо е главниот виновник поради слабата игра на Реал Мадрид?

Бројките водат кон тоа гледиште…

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Не помина ниту половина сезона во Примера, а кралскиот клуб испадна од шампионската трка.

Најголемиот ривал, Барселона има 16 бода предност и натпревар повеќе, а убедливата победа на Каталонците на Сантијаго Бернабе е главен доказ дека одбраната на титулата е невозможна мисија.

Почетокот на сезоната не наговестуваше на ваква состојба, имајќи во предвид дека кралевите освоија два Суперкупа, но потоа следеше голем пат.

Незадоволните навивачи најмногу потенцираат на Карим Бензема, како и на Марселона бидејќи реално, и двајцата се во лоша форма, но што се однесува до првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо?

Иако е избран за најдобар на светот и доби уште една златна топка, Кристијано Роналдо игра под сите очекувања оваа сезона. Посебно во Примера.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Од заводот за статистика, пристигнаа податоци дека неговиот голгетерски ефект е убедливо најлош откако пристигна на Сантијаго Бернабе.

Бројките од инфографикот во прилог кажуваат повеќе од доволно, Роналдо оваа сезона дава гол на секои 289 минути поминати во игра, што е неспоредливо послабо во однос на претходните сезони.

Погледнете ја фотографијата во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Оставете коментар