Денес е одлучувачки ден за Венгер

Арсенал е клуб кој во минатото ги распродаваше своите најдобри играчи, а тоа го може и ова лето, односно, му остануваат уште 24 часа.

Познато е дека денеска Окслејд Чемберлејн, на изненадување на сите навивачи на Арсенал, прво се очекуваше да премине во Челси, за денес да биде потврден како ново засилување во Ливерпул.

Тоа е нештото кое ги тишти и нервира „топчиите“, па му се нафрлаат на Венгер кој го сметаат за главен виновник што дозволува ваква распродажба.

Не дека Чембрлејн не е малку продаден, тој оди во Ливерпул, а Арсенал добива 40 милиони фунти, но тоа не е она кое навивачите го посакуваат.

Чашата може да прелие дополнително до утревечер, доколку еден од двајцата најголеми играчи заминат од Арсенал, Месут Озил или Алексис Санчез.

За овие двајца играчи има неколку богати понуди, и доколку Арсенал се реши на така ризичен чекор и продажба на некој од овие играчи, а не дај боже во конкурентните клубови во Англија, „топчиите“ најавуваат пекол за Венгер и Арсенал.

Сподели

Оставете коментар