Ден за одмор на вардарци во Анталија

Ден за одмор на вардарци во Анталија…

После повеќе од 10 работни дена на Вардар во Анталија, стручниот штаб се реши денешниот неделен ден да им биде слободен на фудбалерите. Тоа ќе биде единствениот ден без тренинг обврски за „црвено-црните“ за време на подготвителниот период во Турција.

Слободниот ден доаѓа после вчерашниот натпревар со Черноморец, а со стандарните обврски екипата продолжува веќе утре кога ќе се врати во тренажен процес, за кога се планирани два тренингa.

Оставете коментар