Дерби на СЕХА: Вардар одигра триумфално, моќно и ефикасно против Мешков

СЕХА Газпром лигата го прогласи натпреварот Вардар – Мешков за дерби на 3 коло, а „црвено-црните” дури и полесно од очекувањата триумфираа со 31-23 (17-14) за задржување на првото место на табелата.

За Вардар ова е трет триумф сезонава, деветти по ред во регионалното натпреварување и 10-то на домашен терен. Мешков во последните три сезони беше единствениот тим што успеваше да освојува бодови, а сега заминува и без бодови и со полна мрежа голови.

Одбраната на Вардар беше клучот на успехот и во моменти кога ривалот се обидуваше да добие предност со играч повеќе во поле. Неколку голови по ред во моменти кога Мешков немаше голман во второто полувреме му овозможија на Вардар да „избега” на плус девет гола з аводство 29-20 во 52 минута. Тоа беше моментот кога и Мешков виде дека нема шанса да направи ништо во Скопје.

За 16 минути во второто полувреме Вардар постигна 9, а прими четири гола зголемувајќи го водството на 26-19. За пет минути тренерот на Мешков двапати бараше тајам аут, но ништо не можеше да смени. Вардар одлично играше во одбрана и ја казнуваше секоја шанса што се укажуваше. За добрата одбрана придонесе и Арпад Штербик кој имаше девет успешни одбрани вклучувајќи и седмерец, сите во вториот дел од средбата.

Дејан Манасков ни откри интересни тајни за него: Погледнете каков автомобил сака да вози во иднина…

Почетокот на натпреварот најави наша добра игра, и по девет минути Вардар веќе водеше со 5-1. Водството можеше во тој период да биде изразено и со повеќе голови, но имавме неколку не реализирани напади. Составот со кој тргна Вардар беше стандарден, само на голманската позиција почна Страхиња Милиќ. И овојпат во составот ги немаше Лука Циндриќ и Рожерио Мораеш поради повреди.

Одбраната на Вардар повторно беше делот што најмногу доминираше, а гостите имаа тешкотија и да упатат удар. Секој обид на Мешков да комбинира за пивотмен или крило беше сопрена, исто како и можноста да се бие од бековската позиција.
Беше приморан тренерот Сергеј Бебешко да менува во составот, барајќи ги играчите што ќе може да се спротистават.

Првиот дел беше во знакот на Даинис Криштопанс кој апостигна четири голови, исто колку и Иван Чупиќ. Пивотменот Стојанче Стоилов постигна три гола, но истовремено врз него беа направени и два седмерци што Чупиќ ги реализираше. На спротивната страна Растко Стојковиќ иако влезе во средината на првото полувреме постигна три гола, а бекот Алех Шилович четирипати ја затресе мрежата на Вардар.

Разликата од 4-5 гола што ја направивме потоа се намали на стандардни 3-4 (13-9 во 22 минута) , но во самата завршница од првото полувреме гостите од Белорусија намалија на 14-13 во 58 минута. Откако Раул Гонзалез побара тајм аут стигнаа и некои совети, што брзо се виде по трите гола во серија, на Стоилов, Криштопанс и Дибиров. На одмор можеби требше да се замине со предност од четири голови, но во последната секунда Петар Ѓорѓиќ од девет метри погоди во мрежата на Даниел Ѓорѓески.

Оставете коментар