Де Брујн изведен ретко видена мајсторија од слободен удар (ВИДЕО)

Де Брујн изведен ретко видена мајсторија од слободен удар (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од шеснаесет финалето на ФА Купот фудбалерите на Манчестер Сити обезбедија премин во наредната фаза на натпреварувањето со победа над Кардиф со резултат 2:0.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

„Граѓаните“ го решија овој меч уште во првото полувреме со головите на Кевин Де Брујн и Рахим Стерлинг, а погодокот на белгискиот репрезентативец беше посебна мајсторија.

Фудбалерот кој оваа сезона игра во фантастична форма, во 8-та минута изведе слободен удар во стилот на големите мајстори и наместо преку, топката ја испрати под живиот ѕид за водство на неговиот тим.

Конечниот резултат го постави Стерлинг во 37-та минута, кога го искористи одличиот центаршут на Бернард Силва и ја смести топката во мрежата.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Оставете коментар