Дибала во солзи, погледнете што се случи на денешниот натпревар (ФОТО)

Паузата во Серија А доаѓа во вистински момент за фудбалерот на Јувентус.

Јувентус вечерва ја продолжи победоносната низа во Серија А, совлада е и Каљари на гостински терен со 1:0, па и после 20-тото коло актуелниот шампион заостнаува само бод зад водечкиот Наполи.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Сепак, она што после мечот на Сардинија ги загрижи навивачите на Јувентус е ситуацијата со Паоло Дибала.

Најдобриот стрелец на Јувентус, со 14 голови од почетокот на сезоната во Серија А, после само пет минути игра во второто полувреме се пожали на болка во задната ложа и во солзи го напушти теренот.

Тој беше заменет од Даглас Коста, кој подоцна имаше значајна улога кај постигнувањето на единствениот гол во овој натпревар.

Засега, не е познато колку е сериозната повредата на која се пожалил Дибала, но секако дека двонеделанта пауза во Серија А добро ќе му дојде.

Тоа после натпреварот го потврди и тренерот Алегри.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

“Не знам колку е лошо, ќе мора да се извршат тестирања. За среќа, одиме на двонеделна пауза и евидентно е дека Дибала ќе мора да паузира подолго од остантите во текот на тој период. Се надевам дека тој ќе биде подготвен за одлучувачкиот дел од сезоната”, порача Алегри.

Погледнете ги фотографиите во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Оставете коментар