Доколку Алегри замине во Челзи, ова ќе биде новиот тренер на Јувентус

Доколку Алегри замине во Челзи, ова ќе биде новиот тренер на Јувентус…

Јувентус има дилема, иако тренерот е со договор до 2021 година, во случај да ја прифати понудата од Англија, само два тренера доаѓаат во обѕир.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

После информацијата дека Макс Алгри ќе го превземе Челзи на крајот на сезоната, италијанските медиуми се занимаваат со евентуалнитот наследник, иако Јувентус пред неколку недели соопшти дека смета на Алгри бидејќи тој го продолжил својот договор до 2021 година.

Минатата година, се поврзуваше со Арсенал, но и Реал Мадрид, но тој доби нов договор и плата во висина од 7 милиони евра по сезона, со што стана најплатениот тренер во Серија А.

Но, доколку понудата од Англија биде посилна, договорот нема да значи ништо, имено како што Зинедин Зидан вчера примети, тоа што има обврска до 2020 година, нема да му помогне доколку има лош резултат во Реал Мадрид.

Токму Зидан е еден од кандидатите за евентуален наследник на Алгри, тој би се вратил во Јувентус каде што беше и остана идол на навивачите. Тоа е сепак наводна желба на претседателот на Јувентус, иако останатите челници на клубот размислуваат поинаку.

Остантите челници на клубот одговорно тврдат дека доколку Алгри замине, треба да му се даде шанса на Симоне Инзаги кој прави чуда на клупата на Лацио, и тој би бил идеален наследник.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Како трето име се спомнува и Диего Симеоне, но мала е веројатноста дека тој ќе замине во Јувентус, поради своето минато во Интер. Порано исто така се спомнуваа тренерски имиња како Ди Франческо, Спалети и уште неколку други, но изгледа дека доколку замине Алгри, ќе се бира помеѓу Зидан и Симоне Инзаги.

Оставете коментар