Донарума заминува од Милан, погледнете кој ќе биде нивниот нов голман

Донарума заминува од Милан, погледнете кој ќе биде нивниот нов голман…

Младиот голман Џанлуиџи Донарума (18) повторно се поврзува зо заминувањето од екипатан а Милан и изгледа дека овој пат ситуацијата е најсериозна.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Репрезентативецот на Италија во изминатите месеци беше во немилост на навивачите на Росонерите, а сега Милан веќе ја подготвил и неговата замена, а изгледа дека се договорени сите детали околу неговото заминување.

Навивачите на Милан се уверени дека 18-годишниот чувар на мрежата има јасна цел, а тоа се парите. Тие јасно му порачаа дека слободно може да ги спакува куферите, иако во текот на летото после долгата сага, тој го продолжи договорот со клубот.

Меѓутоа, италијанските медиуми утринава ги донесоа последните информации, според кој Донарума на крајот од сезоната сепак ќе ги напушти редовите на екипата од Сан Сиро и ќе ј продолжи својата кариера во нова средина.

Тутоспорт тврди дека младиот голман од наредното лето ќе стане нов член на ПСЖ, а италијанскиот голман би ја покрил критичната позиција во клубот и на тој начин дополнително би го зајакнал пресилниот тим.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Наводно, Росонерите се свесни дека ќе го изгубат Донарума и тие одлучија да го ангажираат искусниот шпанец Пепе Реина (35). Тој би требало да ја превземе улогата на прв голман, а Џиџи најверојатно ќе го облеже дресот на ПСЖ.

Оставете коментар