arena.mk

Европа гласаше: Лука Циндриќ е играч на годината

Европа гласаше: Лука Циндриќ е играч на годината…

Средниот бек на Вардар, Лука Циндриќ е победник на изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за избор на најдобар играч за 2017 година.

На листата на ЕХФ на крајот од 2017 се најде и нашиот голман Арпад Штербик, кој според гласовите на фановите се рангираше на трето место.

Во конкуренција од 8 ракометари, Циндриќ доби најмногу гласови од ракометни фанови – 6,731. Според ЕХВ во изборот на најдобри ракометар и ракометарка учествувале околу 40 илјади лица, од кои околу 15 илјади се вклучија во изборот на машките играчи.

2017 година дефинитивно помина во сенката на Лука Циндриќ, кој најсилно заблеска на полуфиналниот натпревар меѓу актуелниот европски шампион и Барселона, кога во последните секунди го постигна победничкиот гол за Вардар. Гол кој ни ја отвори шансата за освојување на шампионската титула. Пред два дена Циндриќ е избран и за најдобар ракометар во Хрватска за 2017 година во изборот на ХРС и спорсткиот весник Спортске Новости.

Во изборот на најдобрите пет ракометари на Хрватска, дури тројца беа од Вардар. Лука Циндриќ победи со 72 гласа пред Иван Чупиќ кој доби 45 гласа и Игор Карачиќ како третопласиран со 21 бод.

Во изборите во Македонија индивидуални награди освоија и Стојанче Стоилов, Арпад Штербик и Раул Гонзалес

Оставете коментар