Животната приказна на екс фудбалерот на Реал: Гладував, моите беа разведени но се пак стигнав до Реал!

Животната приказна на екс фудбалерот на Реал: Гладував, моите беа разведени но се пак стигнав до Реал!

Надежниот фудбалер на италијанскиот фудбал Антонио Касано раскажа за деновите во детството кога имал преголеми маки.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

„Дури 17 години знаев како е да се гладува. Навистина. Мајка ми беше чистачка, заработуваше многу малку, за храна се снаоѓавме со 3000-4000 лири (1-2 евра). Мојата мајка многу се жртвуваше. Не била во школо и не зборува добро италијански. Играв фудбал на улица во тесни сокаци. Играв за оној кој што ќе ми понудеше повеќе пари. Тие 4000-5000 лири (2-3 евра) многу значеа за моето семејство“, изјави Касано и продолжи да го објаснува неговиот напредок во животот:

„Мечот против Интер ме направи богат и славен. Фудбалот прави чуда. Мислам дека во животот ми недостигаше човек со авторитет. Да имав татко кој би ме вратил на правиот пат, не би бил таков. Татко ми не напуштил кога имав 10 години. Моите родител беа разведени, а татко ми се враќаше во нашата куќа иако имаше друга фамилија. На мајка ми реков дека мора да избере, но таа одби бидејќи беше заљубена, сакаше да го искористи времето со него. Побегнав тогаш на три дена. Кога се вратив и реков дека следниот пат ќе заминам засекогаш, потоа мојот татко не се враќаше никако“, вели тој.
Од денешен агол кога ќе погледна на работите, вели дека искрено се кае за она што го сторил и за пропуштената животна шанса која ја имал во Реал Мадрид.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

„Најмногу жалам за Реал Мадрид. Бев во најдобрата екипа во историјата, можев долго да останам во клубо и постигнам многу. Можев да ја одбележам фудбалската историја. Наместо тоа јас го следев својот инстинкт, грешев. Тренерот не ме ставаше во игра, а јас го вреѓав. А се тргна добро во Мадрид, дојдов како замена за Фиго и Овен- две Златни топки. Значи дека бев многу важен а сето тоа со 23 години. Во Реал запознав два големи играчи, Зидан и Роналдон. Многу играчи во тоа време би платиле да се во тој тим на Реал. А јас кога не играв се жалев. Се лутев на сите без причина. Еднаш Капело ме замени, па ја искршив цела совлекувална, го изврѓав и на шпански и на италијански. Без никаква причина. После една година кавга со сите, го напуштив Реал Мадрид“, истакна Касано.

Моментално Касано е слободен фудбалер а во минатото играше за Сампдорија Рома, Бари, Реал Мадрид, Интер, Парма и Милан.

Регистрирај се овде и освој бонус до 6.000 денари за обложување: 

(16:00) Chelsea – Leicester
(16:00) Tottenham – Everton
(20:00) Montpellier – Monaco
(15:30) Augsburg – Hamburger
(15:30) Stuttgart – Hertha
(18:30) RB Leipzig – Schalke
(16:15) Real Madrid – Villarreal
(18:30) Eibar – Atl. Madrid
(20:45) Dep. La Coruna – Valencia

Оставете коментар