Започна распродажбата во Барселона!

Започна распродажбата во Барселона!

Денес е голем дел за фудбалските трансфери, особено откако беше потврден трансферот на бразилецот Фелипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за сума од 160 милиони евра, која го направи младиот фудбалер третиот најплатен играч во историјата на фудбалот.

Но со неговото доаѓање се отвори нов период во Камп Ноу, односно период на распродажба во кој многумина од фудбалерите кои се во втор план ќе бидат распродадени со цел да се исполни финансискиот фер плеј.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Странските медиуми денес откриваат дека со доаѓањето на Кутињо во Барселона, осум фудбалери мораат да го напуштат клубот.

„Барселона нема да може да троши толкави пари во иднина. Поради Кутињо мора да продаде осум фудбалери до лето. Сигурен сум дека голем број фудбалери ќе заминат.“ – изјави Балаг пред да наброи неколку имиња на фудбалери кои со сигурност заминуваат.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

„Хавиер Маскерано, Алекс Видал, Денис Сарез, Пако Алкасер и Арда Туран веројатно веќе во јануари ќе го напуштат клубот, додека уште неколку фудбалери ќе заминат на лето.“

Оставете коментар