Зидан крена раце: Доста го плукавте Реал…

Зидан крена раце: Доста го плукавте Реал…

Во моментов Зинедин Зидан се наоѓа во густа ситуација, а тој одлучи конечно да проговори околу случувањата и шпекулациите кои го опкружуваат неговиот клуб.

„Уморен сум од вашите приказни дека Реал е лош, најлесно е да се каже дека ништо не е како што треба, а свесни сме дека тоа не е така“, нервозно изјави Зидан.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Рекордните пет трофеи кои Реал Мадрид ги освои минатата година ставени на страна, може да се каже дека „кралевите” оваа сезона играат слабо и заостануваат цели 16 бода зад лидерот Барселона.

Но и покрај тоа, Зидан инсистира дека медиумите се тие кои сакаат да го оцрнат неговиот клуб и шират најлоши можни информации.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

„Најдобро е да плукате по Реал, бидејќи луѓето едвај чекаат да читаат такви вести. Ние се трудиме да не обрнуваме внимание на такви работи. Сите пишуваат негативно, а јас не гледам во што е проблемот. Ситуацијата е таква каква што е и мораме да гледаме позитивно. Сепак, се уште настапиваме во сите натпреварувања“, заклули Зизу.

Оставете коментар