Ибрахимович со новиот број на својот дрес испрати јасна порака до навивачите

Шведскиот напаѓач објави интересен пост на Твитер.

Златан Ибрахимович пред неколку дена потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, иако таквиот потег изгледаше незамисливо пред само неколку месеци.

Харизматичниот фудбалер минатата лето пристигна од францускиот ПСЖ на “Театарот на соништата”, и имаше фантастични игри се до судирот со Андерлехт во Лигата на Европа.

Искусниот Ибрахимович минатиот април, во победата на Јунајтед над Андерлехт, доби тешка повреда на предните лигаменти. Прогнозите не беа добри, а многумина предвидуваа и крај на богатата кариера на Ибрахиович.

Сепак, шведскиот напаѓач чудесно се опорави, потпиша нов договор со Црвените ѓаволи, а неговото враќање на терен се очекува во следниот месец.

Златан, меѓутоа го изгуби својот дрес, поточно, неговиот број во Јунајтед, со оглед на тоа дека Лукако ја превзеде неговата деветка. Тоа не беше проблем за Златан, кој на својот Твитер истакна дека само го надоградил бројот.

Напаѓачот на јунајтед упати порака на своите следачи на оваа социјална мрежа, преку фотографијата о новиот дрес со број 10 и напиша: “Никогаш не се откажав, само го надградив својот број.”

Оставете коментар