Истече времето на Зидан во Реал Мадрид, навивачите велат “доста е”

Истече времето на Зидан во Реал Мадрид, навивачите велат “доста е”…

Остана уште неговата последна шанса, но прашање е дали ќе успее да пристигне до неа.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Реал Мадрид после предавањето на титулата, остана без шанса да се бори во купот, елиминирани се од тимот Лаганес, тимот кој го има најмалиот буџет во лигата.

Барањата за смена на Зидан се се почести, многумина веруваат дека единствената надеж на Реал Мадрид е против ПСЖ, односно Французинот да биде сменет пред осминафиналето од Лигата на Шамппионите.

За викенд го чека нов натпревар, многумина се сложуваат дека ваквиот Реал Мадрид, нема што да бара против Валенсија, па би можело да се случи французинот да добие отказ во понеделник.

Според катастрофалните бројки на Реал Мадрид под водство на Зидан, французинот знае дека му остана уште малку време за барем малку да ја подобри ситуацијата во клубот.

Зидан може и порано да добие отказ, но можеби и после првиот меч против Парижаните на Бернабе, доколку Реал Мадрид успее повторно да киксне.

Перез моментално нема решение за клупата на Реал Мадрид, и тоа би можело да го спаси французинот до лето, но сеедно, никој повеќе нема да му верува на Зидан, освен во случај да ја освои третата титула во Лигата на Шампионите.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Но, постои и теорија дека Перез ќе го поштеди до крајот на сезоната и доколку Реал Мадрид не успее да триумфира против ПСЖ, токму поради името и историјата во Мадрид, но мала е веројатноста за тоа, бидејќи некој ќе мора да ја плати сметката за лошата игра на Реал Мадрид оваа зима.

Зидан има договор до 2020 година, но како што и самиот рече, тоа не значи ништо, доколку не се постигнат некакви резултати.

А тие се навистина ужасни…

Регистрирај се на овој линк, и добиј до 6.000 денари бонус за обложување на следниве натпревари:

(17:00) PSG – Montpellier
(18:00) Sassuolo – Atalanta
(20:45) Chievo – Juventus
(15:30) Bayern – Hoffenheim
(15:30) Bor. Dortmund – Freiburg
(15:30) RB Leipzig – Hamburger
(15:30) Stuttgart – Schalke
(16:15) Valencia – Real Madrid
(20:45) Villarreal – Real Sociedad

Оставете коментар