Италија изгуби во квалификациите после 11 години

Како што стојат работите, Азурите пласманот на Светското првенство ќе го бараат преку дополнителни квалификации.

Репрезентацијата на Италија вчера вечер беше потопена на Сантиаго бернабе и пласманот на Светското првенство сигурно ќе го бара преку дополнителни квалификации.

Трите кола пред крајот, Азурите во група Ц имаа три бода помалку пред водечката Шпанија која има и значително подобра гол-разлика. Со оглед на тоа дека токму гол-разликата се гледа како прв критериум во случај на ист број бодови, јасно е дека треба да се случи чудо, за Шпанија да не биде прва од оваа група.

Со голот на Пандев, Македонија славеше над Израел

Во превод, играчите кои ги води Жан Пиеро Вентура треба да се подготвуваат за уште два дополнителни квалификациски натпревари.

Самиот пораз на Италијаните од Шпанија и не е толкава вест колку што е неверојатен податокот да тоа е нивниот прв загубен натпревар во квалификациите за големото натпреварување после 11 години.

Мексико се пласираше на Светско првенство, САД во сериозни проблеми

Оставете коментар