Карачиќ: Функционираше сѐ одлично

Карачиќ: Функционираше сѐ одлично…

Вардар го зацврсти лидерското место на табелата во група А од лигата на шампионите по триумфот над Кристијанштад 31-15, поставувајќи нови клупски рекорди. Ова е највисока победа во клупската историја во ЛШ, и продолжува серијата од 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ и 20 натпревари по ред сезонава без пораз.

„Црвено-црните” се единствен тим што на сите натпревари сезонава во ЛШ освојувал бодови. Вардарци го задржаа првото место на табелата со 18 бода и како лидери ќе ги дочекаат последните четири кола од групната фаза во февруари 2018.

Раул Гонзалес – тренер на Вардар

Многу сум задоволен од она што го направивме на теренот против Кристијанштад. Минатата година истиот ривал одигра одлично во Скопје, но од тој дуел научивме многу исто како и од нивните средби против ПИК Сегед и Барселона и тоа ни помогна. Кристијанштад има одличен тренер и затоа можам да бидам задоволен. Среќен сум бидејќи сме во одлична ситуација. Прво место сме и тоа е одличен податок за нас пред паузата. Нашата одбрана беше одлична. Особено во второто полувреме бевме супер, а тоа ни отвори простор за контри. Моите играчи дадоа се од себе и тоа донесе победа

Игор Карачиќ – играч на Вардар

„Не знам што се случи со Кристијанштад бидејќи никој од нас не очекуваше дека ќе успееме да забележиме ваква победа. Игравме одлична одбрана, а бевме на ниво и во нападот. Едноставно на овој натпревар фунционираше се. Можам само да им честитам на моите момци за борбеноста и одличната партија. Ова беше неверојатен меч на кој сите имавме голем придонес.

Ола Линдгрен – тренер на Кристијанштад

„Му честитам на Вардар за победата. Одигравме тежок натпревар, но не бевме способни да му парираме на нашиот противник. Не успеавме да се снајдеме против одличната одбрана на противникот, а особено против фантастичниот голман. Имавме и проблеми во нападот што се одрази на резултатот особено во второто полувреме. Не можам да бидам задоволен од резултатот којшто го постигнавме н оваа средба, ниту, пак, од играта. Немавме доволно моќ за да парираме. Имам замерка за многу работи, но Вардар беше многу посилен од нас. Разочарани сме многу. Знаевме против кого играме и каде доаѓаме, но не ни успеа ништо од она што го подготвувавме.

Оставете коментар