Кој ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен?

Работите тргнаа на лошо, дале не очекува интересен расплет во клубот?

Вчерашниот пораз на Баерн Минхен во Хофенхајм предизвика потрес, а вистинска лавина покрена изјавата на Марио Баслер, поранешниот германски репрезентативец, кој еден дел од својата кариера ја помина во Баерн.

Баслер тврди дека Карло Анчелоти е на излезните врати на најтрофејниот германски клуб.

“Слушнав дека Анчелоти веќе потпишал преддоговор со еден кинески клуб. Колку што знам, тој заминува од Баерн оваа зима, бидејќи тогаш започнува сезоната во Кина. Не можам 100% да потврдам дека тоа ќе се случи, но верувајте дека имам многу доверливи извори.”, вели Баслер.

Голманот на Манчестер Сити се опоравува, откако беше фаулиран од Саудио Мане

Иначе, Анчелоти под договор со Баерн е до 2019 година.

Треба да се спомене дека веќе се појавија некои нови тренерски имиња за Баерн Минхен, од кои најсериозно е Томас Тухел, поранешниот тренер на Дормунд.

Оставете коментар