Кристијано Роналдо постави навистина интересен рекорд во Ла Лига

Кристијано Роналдо постави навистина интересен рекорд во Ла Лига…

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера во дербито од 21-то коло во шпанската Ла Лига како гости ја совладаа Валенсија со 4:1.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Кралскиот клуб после шокантното излегување од Кралскиот Куп од Леганес успеа да дојде до навистина важна победа на гостувањето против Валенсија.

Реал после првото полувреме водеше со 2:0, а двата гола ги постигна Кристијано Роналдо од белата точка и на тој начин се запиша во историјата на Ла Лига.

Португалецот така стана играч кој извел најмногу пенали во историјата на Ла Лига. Роналдо во дресот на Реал Мадрид во шпанското првенство шутирал дури 72 пенали и промашил само 12 од нив.

Ист отака, Роналдо на вчерашниот натпревар го постигна својот 100 и 101 гол од пенал во својата кариера.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Во дресот на Реал Мадрид во сите натпреварувања од белата точка постигнал 76 гола, во Манчестер Јунајтед 17 и седум во дресот на Португалија. Во својата кариера, тој извел вкупно 121 пенал.

Оставете коментар