Кутињо го пропушта дербито против Манчестер Сити

Клоп ја потврди информацијата на конференцијата за медиуми.

Манчестер Сити и Ливерпул, утре на стадионот Етихад ќе го одиграат големото дерби од 4-тото коло на Англиската премиер лига.

Двете екипи имаа добар почеток на сезоната и се очекува сјаен натпревар со многу голови.

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп на денешната конференција за новинарите добил најмногу прашања за бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо кој ова лето се поврзуваше со Баарселона, но на крајот сепак остана во Ливерпул.

Сестрата на Нејмар е вистинска убавица (фото)

Кутињо се врати на репрезентативните подготовки и новинарите ги интересираше неговиот статус, односно дали тој ќе биде подготвен за натпреварот против Сити. Клоп сепак порача дека Кутињо ќе го пропушти тој меч, за да се може добро да се подготви за наредните предизвици.

Оставете коментар