Кутињо со шокантна изјава: Барселона е мојот сон, но не дојдов тука за да…

На претставувањето во каталонскиот гигант, Бразилецот изјави дека очекува да одигра многу мечеви во следните пет и пол години.

Филипе Кутињо ја почувствува атмосферата на „Камп Ноу“ откако денеска беше претставен за нов играч на Барселона. Каталонскиот гигант со месеци го очекуваше овој трансфер, кој стана реалност, откако на Ливерпул му беа исплатени 120 милиони евра, а следуваат плус 40 милиони евра од разни бонуси.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Бразилецот рече дека со облекување на дресот на Барселона му се остварил еден голем сон, иако како дете има изјавувано дека сон му е да игра за Реал Мадрид.

„Многу сум задоволен и среќен. Како што кажав и претходно, ова беше мојот сон. Им благодарам на многу луѓе. Прво на Господ, потоа на родителите и на семејството, кои постојано се со мене. Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Барселона и на директорите кои имаа трпение да ме чекаат. Имам петгодишен договор и се надевам дека во овој период ќе одиграм многу добри мечеви за Барселона“, рече Кутињо.

Многумина сметаат дека Кутињо е доведен на местото на Нејмар, кој пред почетокот на сезоната потпиша за Пари Сен Жермен.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

„Дали можам да помогнам навивачите на Барселона да го заборават Нејмар? Јас не дојдов за тоа. Едноставно сакам да играм добро и навивачите да бидат задоволни. Со Нејмар играме заедно во репрезентацијата и сме многу добри пријатели, но ние сме различни играчи. Тој е неверојатен играч“, вели Кутињо, кој не заборави да ги поздрави и навивачите на Ливерпул и да им се заблагодари за петте сезони поминати во англискиот тим.

Регистрирај се овде и освој бонус до 6.000 денари за обложување: 

(16:00) Chelsea – Leicester
(16:00) Tottenham – Everton
(20:00) Montpellier – Monaco
(15:30) Augsburg – Hamburger
(15:30) Stuttgart – Hertha
(18:30) RB Leipzig – Schalke
(16:15) Real Madrid – Villarreal
(18:30) Eibar – Atl. Madrid
(20:45) Dep. La Coruna – Valencia

Оставете коментар