Лазаров по победата над Монпелје: Мислам дека ќе се подобруваме од ден на ден

Кирил Лазаров, македонскиот репрезентативец капитен вчера постигна само еден гол од седум метри на вчеашното полуфинале во рамките на “Трофејот на шампионите во Франција”.

Тој и неговиот Нант го победија Монпелје со резултат од 31-28 и го обезбедија својот пласман во финалето, каде што ќе ги чека големиот фаворит за титулата, ПСЖ. После натпреварот со Монпелје, Кирил Лазаров испрати пофални зборови кон неговите соиграчи и најави дека во идниот период, тие само ќе се подобруваат.

„Ја заслуживме победата против Монпелје. Тоа беше типичен прв натпревар во новата сезона. Победивме против добар тим, еден од подобрите во цела Европа. Задоволни сме, а сега мора да одмараме, бидејќи се наоѓаме на помалку од 24 часа до средбата со ПСЖ. Лично мислам дека треба да одиме чекор по чекор и дека тоа ќе ни донесе подобрување секој нареден ден“ , изјави нашиот репрезентативец.

Сподели

Оставете коментар