Ливерпул договори рекорден трансфер

Јирген Клоп успеа да го обезбеди доаѓањето на еден од најбараните везни фудбалери на светот.

После долги и мачни преговори Ливерпул успеа да го скрши отпорот на Леипзиг и го договори трансферот на Наби Kејта.

Овој сјаен 22-годишен фудбалер од Гвинеја веќе го изврши лекарскиот преглед во Англија и работата е решена, но Кеит во дресот на Ливерпул ќе заигра дури од следното лето.

Германците влегоа во Лигата на шампионите и само на таков сценарио сакаа да се согласат. Ливерпул ќе плати оштетна клаузула од околу 50 милиони евра, но и одредена сума која ќе го обезбеди новото појачување.

На крај, овој трансфер е решен со компромис. Јирген Клоп не сакал да се откаже од Кејта кој со сите сили го сакал на Енфилд, а во Леипзиг го заржале уште една сезона. Ливербул пак веќе ја победи конкуренцијата.

Сподели

Оставете коментар