Ливерпул ја испрати првата понуда до Рома, таа експресно ја одби!

Ливерпул ја испрати првата понуда до Рома, таа експресно ја одби!

Се запалија алармите на Енфилд, после поразот од ВБА и првата понуда на адреса на Рома веќе пристигна.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Ливерпул вчера е поразен во 1/16 финалето од ФА Купот, изгубија на Енфилд од Вест Бромвич Албиона.

После овој пораз, уште еднаш стана јасно дека Ливерпул немаат адекватен голман, Мигнолен едноставно нема квалитет, додека ниту младиот Кариус не се покажа во најдобро светло.

Вчера се пишуваше дека Ливерпул до крајот на прелиминарниот рок мора да ангажира и уште еден чувар на мрежата.

Желбата на Јирген Клоп е голманот на Рома, Алисон Бекер, а според последните информации, управата на Ливерпул испрати понуда на адреса на Рома за неговите услуги.

Не е познато колку Ливерпул понудил за Бразилецот, но се знае дека понудата е веќе одбиена. Рома не сака да се раздели од талентираниот голман, кој оваа сезона во 12 наврати ја сочува мрежата на својот тим.

Римјаните за услугите на поранешниот голман на Интернасионал бараат 50 милиони евра, но дури во наредниот прелиминарен рок, бидејќи не сакаат да останат без голман во средина на сезоната. Ќе видиме дали Ливерпул ќе успее да ги убеди, а до крајот на зимскиот прелиминарен рок останаа уште само три дена.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Изгледа дека има премалку време за Ливерпул да ја заврши оваа работа и тоа поготово сега откако нивната прва понуда брзо е одбиена, но останува да видиме што ќе се случи до крајот на прелиминарниот рок.

Какви се вашите ставови и коментари поврзани со играта и формата на Ливерпул?

Оставете коментар