Македонија со триумф над Ерменија: Костадинов со хет-трик, Македонија повторно победува!

Играчите на Благоја Милевски одиграа одличен меч во Ереван.

Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година, поведе со 0-3 на гостувањето во Ереван во Ерменија во рамките на првото кола од 7-мата квалификациска група за пласман на ЕУРО 2019 во Италија.

Македонија води со 0-3 против својот ривал, аа стрелецот овој пат во 72 минута повторно беше Тихомир Костадинов кој ги постигна сите три погодоци за нашата репрезентација.

Сподели

Оставете коментар