Македонскиот фудбалер Игор Леовски направи трансфер во SQUARE

Станува збор за 23-годишниот Игор Леовски кој игра на позиција напаѓач, а ја користи својата лева нога.

Во досегашната кариера играше за КМФ Црна Река (2012/13), КМФ Железарец (2013-2016), а во Square пристигна од КМФ Велес во кој настапуваше изминатата сезона.

ФФМ заборави да направи билети за мечот Македонија – Албанија?

Од запазените настапи вреди да се истакне дека три пати беше првак во дресот на КМФ Железарец, а за репрезентација имаше околу 40-тина настапи. Посебно вреди да се издвои, да на основа на своите одлични игри, ја заслужи титулата најдобар футсал играч во Македонија за 2016 година.


  • Мислам дека ова е за мене голем предизвик, бидејќи Square е првиот клуб за кој играм надвор од мојата држава. Мило ми е што сум избран од страна на управата на Square, се надевам дека нема да ги разочарам сите навивачи кои го сакаат овој клуб. Уверен сум дека ќе уживаат во моите игри и дека заедно ќе оствариме нови успеси, изјави Леовски.

Сподели

Оставете коментар