Манчестер Јунајтед подобар од Реал Мадрид за 1.7 милиони евра

Манчестер Јунајтед подобар од Реал Мадрид за 1.7 милиони евра…

Иако не играа во Лигата на Шмапионите, тие го задржаа првото место. Ова е листа на топ 20 фудбалски клубови, погодете кој доминира?

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Втора година во низа, Манчестер Јунајтед е пред Реал Мадрид, кога се гледаат клубските приходи. Иако не играа во Лигата на Шампионите, Црвените Ѓаволи го задржаа првото место, со 676.3 милиони евра, само 1.7 милиони евра повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Во 21 година, колку што Делојт ја прави оваа листа, само Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид биле на нејзино чело. Реал Мадрид пријавил 674.6 милиони евра приход, и е пред Барселона чија заработка изнесувала 648.3 милиони евра.

Во топ пет клубови со најголема заработувачка е и Баерн Минхен со 579 и Манчестер Сити со 527 милиони евра.

Лесно е да се заклучи дека Англичаните доминираат, пред се поради тВ правата, Арсенал е шести, Челзи осми, Ливерпул девети. Во топ 10 се најдоа и ПСЖ на седмо место со 486 милиони евра и Јувентус кој исфактурирал 405 милиони евра, далеку повеќе од сите италијански клубови.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Во топ 20 од Англичаните се најдоа и Тотенхем, Лестер, Вест Хем, Саутемптон и Евертон, а од останатите, 12-тото место го зазеде Дортмунд, 13-тото Атлетико Мадрид, 15-тото Интер, 16-тото Шалке и на 19-то место заврши Наполи.

Можеме да кажеме дека проценките се дека во наредните неколку години нема да се менува ништо. Всушност, Атлетико Мадрид би можел да напредува бидејќи Шпанците ги чека нов договор околу ТВ правата, но фактот дека англиските клубови ќе ја задржат својата доминација на оваа листа, е дефинитивно несоборлив.

Кои се вашите коментари поврзани со оваа листа?

Регистрирај се на овој линк, и добиј до 6.000 денари бонус за обложување на следниве натпревари:

(17:00) PSG – Montpellier
(18:00) Sassuolo – Atalanta
(20:45) Chievo – Juventus
(15:30) Bayern – Hoffenheim
(15:30) Bor. Dortmund – Freiburg
(15:30) RB Leipzig – Hamburger
(15:30) Stuttgart – Schalke
(16:15) Valencia – Real Madrid
(20:45) Villarreal – Real Sociedad

Оставете коментар