Мбапе даде искрена и емотивна изјава: Најмногу што сакав беше да…

Килијан Мбапе ова попладне и официјално беше претставен како новото засилување на ПСЖ, но неговото заминување од Монако, предизвика големи реакции.

Мбапе пред неколку дена испрати емотивна порака до фановите на Монако со која им се заблагодари за времето минато заедно, а денеска на официјалното обраќање како нов играч на ПСЖ посочи дека негова интенција била да остане во кнежевството се додека мислењето не го променил по разговор со неговото семејство.


– Јас бев на страната на Монако и сакав да останам во Монако. Сепак, разговорот со мојата фамилија ги промени сите нешта и одлучив да потпишам за ПСЖ. За мене многу е важно враќањето во Париз. Се случи нешто, но во овој момент нема да зборувам за тоа, не е моментот да се кажува било што. Не сум разочаран од никого во Монако, ги почитувам сите и сакам тоа да биде јасно, – порачал 18-годишниот Мбапе при промоцијата во ПСЖ.


Нова понуда за Санчез, ова е најдобро решение за сите

Оставете коментар