МекГрегор доби неочкуван предизвик од Фелпс

Конор МекГрегор загуби во таканаречената „борба на векот“ со Флојд Мејвејдер, но сепак ирскиот борец доби навистина големи комплименти за начинот на кој се справи и прикажа во својата прва професионална борба.

Големиот шампион Мејвејдер му порача на МекГрегор дека покажал завидна техника и храброст за време на борбата, но сепак додаде дека е далеку од врвот на боксот каде тој со години наназад доминираше во својата категорија, и всушност не загуби ниту една борба.

Мејвејдер со неверојатен скор од 50:0 и стави крај на својата кариера, но специфичноста на борбата која ја изрержираа со МекГрегор сега натера и други врвни спортисти од останатите сфери да испраќаат необични понуди до Ирецот.

МекГрегор е познат по тоа што се прилагодува на секакви услови и прифаќа предизвици кои обично никој не би ги прифатил, па сега легендарниот олимписки шампион Мајкл Фелпс го запраша дали би сакал да се трка со него во базенот.

– Целата таа приказна…. Дали треба да се тркаме?, – го запраша Фелпс МекГрегор.

Сподели

Оставете коментар