Мексико се пласираше на Светско првенство, САД во сериозни проблеми

Има се помалку слободни места за светското првенство кое идната година ќе се одржи во Русија.

Репрезентацијата на Мексико го обезбеди настапот на СП 2018 година во Русија, откако синоќа во квалификациската зона CONCACAF ја совлада Панама со 1:0.

Мексико со 17 бодови во квалификациите, го обезбедни едно од првите три места во зоната CONCACAF, приклучувајќи им се на Бразил, Иран, Јапонија и домаќинот Русија, кои досега се квалификуваа за СП.

После изедначеното прво полувреме, олеснувањето за Мексико пристигна во 53-тата минута кога крилото на ПСВ, Хирвинг Лозано со глава ја затресе мрежата на панамскиот вратар Жозе Калдерона.

За мексиканската репрезентација ова е 16-ти настап на СП.

И додека Мексико обезбеди пласман на СП, ситуацијата за нивниот најголем ривал, САД е далеку од идеална. Американците синоќа беа поразени во Њујорк од Костарика со 0:2.

Во идното коло САД гостува кај Хондурас, додека Панама ќе ги угости Тринидад и Тобаго.

Оставете коментар