arena.mk

Младински дуел: Вардар јуниор го победи Вардар

Младински дуел: Вардар јуниор го победи Вардар…

Вардар јуниор ја победи екипата на Вардар на првиот натпревар од пролетниот дел од сезонава во младинското првенство за жени. Нашите помладите ракометарки, предводени од тренерот Драгана Ристова во СЦ Кале победија со 32 – 29 (18 – 13), зацврстувајќи се на втората позиција на табелата.

Младинките на Вардар, предводени од дуото Анжела Платон и Александра Кузмановска, тргнаа решително во дуелот, и уште на почетокот создадоа предност од +3 гола за 7 – 4. Но, се покажа дека за тоа време јуниорките се загреаа и разиграа, та постариот сестрински тим до крајот на мечот не успеваше да одржи чекор со нив. Само неколку акции подоцна, Вардар Јуниор израмни на 7 – 7 и полека ја превзема иницијативата. Напредуваа наизглед срамежливо со предност од еден до два гола, но кога резултатот стигна до 14 – 12, јуниорките се одлепија со +5 гола и на пауза заминаа со предност од 18 – 13.

Второто полувреме не донесе промени, јуниорки неколкупати имаа предност и од +7 гола, но до крајот на мечот вардарки ја намалија до + 3 гола. Мечот заврши со 32 – 29 за јуниорките.

ВАРДАР ЈУНИОР – ВАРДАР 32 – 29 (18 – 13)

Вардар јуниор: Јована Трајкоска, Ангела Гроздановска 1, Јана Арсовска 1, Катерина Дамјановска, Ана Изабел Гонзалес 1, Мирјана Петковска 10, Симона Грујовска, Стефанија Софтовска 9, Магдалена Насковска 3, Ивана Џатевска, Ангела Костовиќ, Сара Миновска, Андреа Седлоска 6, Ана Марија Коларовска, Ива Јаковчевска, Марија Галевска 1

Вардар: Елена Бабунска, Елена Ивановска, Јована Софковска 2, Мила Пешиќ, Анастасија Нелоска 7, Викторија Сандева, Александра Коловска 2, Јована Величковска 1, Тамара Паланковска 1, Дона Алушовска, Тамара Стојчева 1, Ивана Блажевска 6, Ива Цветковска 2, Марија Костадиновска, Марија Гоцевска 1, Кети Ангеловска 6.

Оставете коментар