Напаѓач од Северна Кореја е новото засилување на Јувентус?

Напаѓачот на Каљари, Хан Кванг-сонг е на мента на Јувентус.

Јувентус никогаш во своите редови немал играч од Северна Кореја, но тоа би можело да се промени во наредниот период, бидејќи управата на италијанскиот првак се заинтересира за 18-годишниот Хан.

Тој оваа година потпиша за Каљари и стана првиот Севернокореец во Италија, а воедно и првиот играч од таа земја кој играл во Серија А.

Оваа сезона тој играше на позајмица во Србија и во првите два меча постигна четири гола.

Со оглед на тоа дека е неверојатно талентиран, Јувентус постојно го следи, баш како и некои англиски тимови. Судејќи според сите информации, овој играч го очекува сјајна кариера.

Сподели

Оставете коментар