„Незгодниот“ Мешков гостува во Скопје

Единствениот тим што во последниве две сезони во СЕХА Газпром лигата успевал да освојува бодови во Скопје е тимот на Мешков Брест. Белорускиот првак утре, петок (17,45 ч. СЦ „Јане Сандански”) гостува во рамките од третото коло. Овој натпревар е прогласен за дерби на колото во СЕХА Газпром лигата.

Вардар има два победи во серија, а против Горење имаше и двоцифрена разлика, 32-19. Мешков доаѓа во Скопје по триумфот во Словенија кај екипата на Целје, 29-24.
Лани во СЕХА Газпром лигата гостите од Белорусија одиграа нерешено, 34-34, а претходната сезона, 2015/2016 беа единствените што победија во Скопје, 28-27.

Трикратниот првак во СЕХА лигата, Вардар има причина за реванш, а Мешков сака да ја продолжи добрата традиција.

Дејан Манасков ни откри интересни тајни за него: Погледнете каков автомобил сака да вози во иднина…

„Мешков ја смени одбраната и игра 5-1 и 6-0. Оваа сезона немаме играно против 5-1, но имаме време за подготовка. Драго ни е што играме во Скопје. Сакаме победа бидејќи нашата цел сезонава е да играме одново на фајнл фор. Веќе имаме две победи, но сакаме уште една”, изјави тренерот Раул Гонзалез.

Ова ќе биде последна проверка за Вардар пред гостувањето кај Висла Плоцк во рамките од првото коло на ЕХФ лигата на шампионите на 17 септмеври.

„Двете средби досега сезонава ги добивме со голема разлика, но мислам дека можеме уште подобро. Вардар докажа дека има потенцијал за уште повеќе. Среќни сме што победивме на првите два меча, но сега не чека дуел со Брест. Тоа е тим кој добро го знаеме кој има големи промени во составот, но ние одиме на триумф”, изјави Стојанле Стоилов капитенот на екипата.

Средбата Вардар – Мешков се игра на 8 септември од 17,45 часот.

Билетите за натпреварот се пуштени во продажба, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и преку www.ticketplus.mk

Сподели

Оставете коментар