Ништо ново: Штербик има една од петте најдобри одбрани на колото во ЛШ

Ништо ново: Штербик има една од петте најдобри одбрани на колото во ЛШ…

Вардар го заврши натпреварувањето во групната фаза од лигата на шампионите за годинава со победа, 31-15 против Кристијанштад поставувајќи нов клупски рекорд. На дуелот во Скопје меѓу оние што се истакнаа беше и голманот Арпад Штербик, чии одбрани секогаш се атрактивни и конкурираат меѓу најдобрите во лигата на шампионите.

И овојпат една од неговите интервенции беше избрана меѓу петте најдобри на колото. Ништо ново за Вардар и Штербик. Се навикнавме после секое коло барем еден играч, одбрана и гол да бидат во конкуренција на најдобрите.

Одбраната на Штербик можете да ја погледнете на следниот линк.

Оставете коментар