Нова мајсторија на фудбалскиот бог Меси! Само тој може да изведе ваков слободен удар (ВИДЕО)

Нова мајсторија на фудбалскиот бог Меси! Само тој може да изведе ваков слободен удар (ВИДЕО)

Лионел Меси продолжува со одличните игри на фудбалските терени. Можеби Роналдо е официјално најдобар фудбалер на светот, но по моменталниот учинок и играта во оваа сезона, Меси дефинитивно го зазима првото место.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Аргентинецот одново ја покажа својата фудбалска магија и тоа кога на Барселона и беше најпотребно, во моменти кога беше до чекор до кикс на свој терен против Алавес.

Во 84-та минута постигна феноменален голод слободен удар, кој очигледно за него изгледаше како пенал.

Иако голманот на Алавес постави висок ѕид, Меси со фантастичен шут ги префрли противничките играчи и го матираше голманот Пачек, кој на овој натпревар правеше чуда, но во оваа ситуација не можеше да направи ништо.

Натпреварот за Барса не започна баш најдобро, поради тоа што уште во самиот почеток во 23-та минута примија гол.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Долго време Алавес ја чуваше таа предност, но во 72-та минута Суарез го изедначи резултатот после добриот центаршут на Иниеста. Уругваецот ја пречека топката на втората статива и ја свести топката позади Пашек кој воедно и беше еден вид на најва за магијата на Меси со кој донесе тотален пресврт за Барселона и дојде до својот јубилеен 20-ти гол оваа сезона во Примера.

Оставете коментар