arena.mk

Нова награда за вардарци – Циндриќ е ракометар на годината во Хрватска

Нова награда за вардарци – Циндриќ е ракометар на годината во Хрватска…

Покрај тимските награди што ги собра Вардар во Македонија за постигнатиот успех, и повеќемина наши ракометари исто така добија и индивидуални признанија.

Лука Циндриќ е избран за најдобра ракометар во Хрватска за 2017 година во изборот на ХРС и спорсткиот весник Спортске Новости.

Во изборот на најдобрите пет ракометари на Хрватска, дури тројца беа од Вардар. Лука Циндриќ победи со 72 гласа пред Иван Чупиќ кој доби 45 гласа и Игор Карачиќ како третопласиран со 21 бод.

Во изборите во Македонија индивидуални награди освоија и Стојанче Стоилов, Арпад Штербик и Раул Гонзалес.

Сега Лука Циндриќ и Арпад Штербик се во игра и за најдобар ракометар во Европа за 2017 година.

Оставете коментар