Новиот играч на Барселона шокираше на промоцијата: Погледнете што направи на Камп Ноу (ВИДЕО)

Новиот играч на Барселона шокираше на промоцијата: Погледнете што направи на Камп Ноу…

Мина вечно ќе го памети 13-ти јануари, 2018 година.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Досегашниот одбрамбен фудбалер на Палмеирас, Џери Мина премина во Барселона во трансферот вреден 11.8 милиони евра, а на промоцијата ги соблече копачките и штуцните и бос чекореше по теренот на Камп Ноу.

Колумбискиот 23-годишен фудбалер требало да пристигне наредното лето, но заминувањето на Хавиер Маскерано во Кина, го забрза неговиот трансфер.

Мина во дебитантската сезона во Палмеирас освои титула и беше во идеалниот тим на првенството, а претходно има настапувано за Санта Фе и Депортиво Пасто.

Со Каталонците потпиша петгодишен договор, а неговата клаузула изнесува 100 милиони евра, а неговата промоција беше посебно емотивна.

Тој ги соблече копачките и штуцните, а потоа бос чекореше по теренот и се помоли, што подоцна објасни.

-Постојат зборови од Библијата кои кажуваат дека вака можете да ја пронајдете земјата која ја сакате и со која сакате да владеете, а јас сакам да создадам историја овде.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Него, дополнително го импресионирало тоа што ќе игра со Лионел Меси.

-Тој е најдобриот играч на светот, првата работа што ме воодушеви е неговата едноставност. Само седеше на клупа со Суарез и стана да ме поздрави, тоа за мене беше посебна работа.

Него го дочекаа и голем број Колумбијци на Камп Ноу. Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Оставете коментар