Од врвен фудбалер до свештеник: „Купував по три-четири автомобили годишно, а сега сум во потрага по”…

Од врвен фудбалер до свештеник: Купувал по три-четири автомобили годишно, а сега е во потрага по…

Поранешниот член на златната генерација на Манчестер Јунајтед предводена од Алекс Фергусон, Марлајн, кој играше рамо до рамо со Дејвид Бегам, Пол Сколс, Рајан Гигс и останати фудбалски легенди, денес живее живот сосема различен од времето кога беше фудбалер.

Неговата приказна се базира врз промена во карактер, односно како од врвен фудбалер тој направил огромен чекор и засекогаш го сменил својот стил на живеење, односно станал свештеник, кој сега живее скромен живот.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 240.000 евра.

Исто како останатите фудбалери во неговиот период, тој заработувал огромни суми, возел скапи автомобили и имал се што ќе посака, но по завршувањето на кариерата тој запишал студии по теологија.

„Во почетокот на кариерата уживав во сето тоа, пари, жени, скапи автомобили. Купував по три-четири автомобили годишно. Но во доцните 20-ти години од животот станав незадоволен. Целта сега ми е поинаква од онаа што ја имав додека бев фудбалер. Тогаш бев во потрага по победите, а сега сум во потрага по Бог“, изјави 39-годишниот Марлајн за англиските медиуми.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 240.000 евра.

Оставете коментар