Официјално – Вториот најголем трансфер на сите времиња

Веста е и оциаијално потврдено, а не е ниту позајмица. како е ова можно, никој не знае.
Пред неколку минути, Килијан Мбапе стана играч на ПСЖ.

И тоа нема да биде позајмица, туку трансфер, 135 милиони плус остатокот од 45 милиони евра во бонуси. Клубовите го променија договорот, со што Мбапе потпиша договор до 2020 година, односно на пет години.

Како е можно да ПСЖ на двата играчи потроши 400 милиони евра и да остане во границите на FFP е тешко да се каже, но Нејмар сам ја плати клаузулата, што значи дека тоа не влегува во трошоците на клубот.

Интересно е што се појави информација дека Мбапе е понуден на Барселона, пред неколку дена, по цена од близу 200 милиони евра, но Каталонците не сакале да го доведат бидејќи цената била едноставно превисока.

Се откажа и Реал, иако го сакаа за наредното лето. На крајот Мбапе се враќа во родниот град, а ова е вториот најголем трансфер во историјата. Првиот е исто така во сопственост на ПСЖ, односно трансферот на Нејмар кој чинеше неверојатни 220 милиони евра.

Третиот е Дембеле, четврт Погба, додека петиот е Бејл.

Оставете коментар