Пенезиќ: Поискусни сме и ова треба да биде наша година

Пенезиќ: Поискусни сме и ова треба да биде наша година…

Ракометарките на Вардар ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната и главните натпревари за пласман на Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Целта е годинава да се искачиме едно скалило погоре, а тоа значи освојување на европската круна. На крајот од јануари ги почнуваме натпреварите од Главната фаза во ЛШ, а пред тоа ќе играме и два натпревари од регионалната ВРХЛ лига.

„Црвено-црните” го завршија првиот дел од сезоната без пораз, како единствена тим со ваков учинок во ЛШ. Желба е така и да продолжиме.
За нашиот лев бек, Андреа Пенезиќ екипата имаше одличен прв дел од Лигата на шампионите, но она на што сега треба да се работи се резултати кои ќе им донесат полесен противник во четвртфиналето.

„Добро го одработивме првиот дел од сезоната. Ние сме единствена екипа без пораз. Имавме и доволно време за одмор и сега сме подготвени да тргнеме. Сакам да продолжиме со исто темпо и сакаме да ја победиме секоја екипа за да имаме во четврт финалето полесен противник. Го напаѓаме врвот на Европа и се надеваме дека ќе се пласираме на Ф4 турнирот и ќе се обидеме да го освоиме. Миаслам дека лани бевме многу блиску, еден гол разлика, беше чиста среќа. Не можам да кажам дека Ѓер беше поискусна, туку за такво нешто треба и малку среќа. Годинава и ние сме поискусни и се надевам дека ова е наша година”, вели Пенезиќ.

На 19 и 21 јануари играме натпревари со Будуќност и со Крим, во ВРХЛ лигата, а на 27 јануари сме домаќини на Мец во првото коло од Главната фаза во ЛШ.

Оставете коментар