arena.mk

Подготовките на Вардар се одработуваат под „полна пареа“

Подготовките на Вардар се одработуваат под „полна пареа“…

Откако во вторникот ги „запали“ моторите со одржувањето на првиот тренинг, а во средата беа направени медицинските тестови на екипата, во последните три дена, „црвено-црните“ работат „под полна пареа“ и по два пати на ден во воведниот дел од зимските подготовки. Тренинзите во одлична атмосфера се одработуваат на тренинг кампот во населбата Хиподром, под „будното око“ на стручниот штаб предводен од Чедомир Јаневски.

Моментално сите играчи кои се присутни на подготовките, максимално ги одработуваат задачите зададени од тренерите. Од утре екипата ќе продолжи да се подготвува по еднаш на ден, се до заминувањето на подготовките во Анталија, кое е предвидено за вторник.

Вардарци во Анталија ќе отседнат три недели, и таму ќе одиграат шест контролни натпревари со следните противници: Пакхтакор (Узбекистан) на 20.01, Берое (Бугарија) на 23.01, Черноморец Одеса (Украина) на 27.01, Заглебје Лубин (Полска) на 31.01, претпоследниот „тест“ е со Словачко (Чешка) на 03.02, и последната контрола против Дукла Прага од Чешка на 04.02.

Неколку фотографии од вториот денешен тренинг на Вардарци:

Оставете коментар