Покрај трудот на Чилиќ, Рафаел Надал е првиот финалист во Шангај

Натпреварот помеѓу Надал и Чилиќ беше жесток, па уште на стартот на првиот сет се играше израмнет тенис, каде што двата тенисери не ги даваа своите сервиси, се до моментот кога Шпанецот по голема борба направи брејк и со сигурен сервис поведе со 1-0 во сетови.

Уште во стартот на вториот сет, Надал веднаш направи брејк, а Чилиќ возврати со ри-брејк за 3-3. Но среќата на Хрватот не траеше за долго, па Шпанецот го искористи лошиот сервис на својот противник и го искористи во своја полза, за водство од 5-4.

Со загарантиран пат до Шангај, големиот противник на Надал во финалето ќе биде подобриот од дуелот што треба да започне во 14:00 часот, меѓу Дел Потро и Федерер.

Оставете коментар