После Кутињо, Ливерпул го напушта уште еден одличен фудбалер

Фудбалерите на Ливерпул во петокот во градското дерби го совладаа Евертон со 1:0 и така се пласираа во наредната рунда на ФА Куп.

Меѓутоа, после натпреварот најмногу се зборуваше за конфликтот помеѓу Роберто Фирмињо и Масон Холгате. Ова дуо имаше конфликт во близина на аут линија откако Фирмињо заврши во рекламите после еден дуел со Холгате.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Тогаш настана вистински хаос на теренот, а фудбалерот на Евертон после натпреварот изјави дека Фирмињо го вреѓал на расна основа. ФА покрена истрага веднаш после завршувањето на мечот, а доколку се испостави дека напаѓачот на Ливерпул е крив, го очекува жестока казна.

Од ФА соопштија дека наскоро ќе биде познато каква е одлуката, и дека се уште се утврдува дали Фирмињо го вреѓал Холгате на расна основа. Доколку Бразилеот биде крив, судејќи според околностите, тој ќе биде суспендиран на дури десет натпревари.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Тоа се сигурно навистина лоши вести за Јирген Клоп, кој само во неколку дена остана без важните играчи. Прво се повреди Мохамед Салах, додека Филипе Кутињо замина во барселона. Евентуалната суспензија на Фирмињо ќе значи дополнителен удар за Ливерпул.

Оставете коментар