Почнува пролетниот дел, Вардар утре на дерби гостување во Тетово

Почнува пролетниот дел, Вардар утре на дерби гостување во Тетово…

Од утре (14.02), започнува пролетниот дел од сезоната 2017-2018. Вардарци првиот официјален натпревар ќе го одиграат против Шкендија во Тетово, што практично е дерби на колото, и на третиот круг во првенството. Мечот се игра утре на Градскиот стадион во Тетово со почеток во 14 часот.

„Црвено-црните“ денеска го имаат последниот тренинг на својот тренинг камп во Хиподром пред утрешната пресметка со ривалот за освојување на шампионската титула.

Веќе се одредени службените лица, односно судиите кои што ќе ја делат правдата на утрешниот меч во рамките од 19. коло. Главен судија на дербито ќе биде Александар Ставрев. Негови помошници ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. За четврт судија е делегиран Саше Тошевски, додека дополнителни асистенти ќе бидат Никола Костенчев и Константин Влахо.

Оставете коментар