Преубавата албанка објави фотографии со Конор МекГрегор, таа тврди дека тој е… (ФОТО)

ММА борецот Конор Мекгрегор и пејачката Рита Ора се забавуваа по доделувањето на Британските модни награди во Лондон синоќа, но објавите на социјалните мрежи од нив двајца наидоа на лоши коментари од фановите.

Рита Ора објави селфи со ирскиот ММА борец со коментар „на состанок“, но не доби пофалби за нејзиниот изглед и за изборот на друштво.

Напротив, фановите беа бесни и ѝ оставаа коментари дека треба да се засрами што излегла на состанок со маж кој не само што е оженет, туку и неодамна доби дете.

Други коментираа дека ваквото однесување е срамно и дека нема никаква почит кон сопругата на 29-годишниот Мекгрегор.

27-годишната пејачка за кратко време го тргна коментарот „date night“ од Instagram, но не можеше и на Twitter каде ја нема опцијата за едитирање на објавите.

Подоцна во текот на вечерта двајцата позираа и се дружеа со моделите Џордан Дан и Ирина Шајк, а Рита Ора по настапот и смената на облека си замина од забавата со момчето Ендру Вотс.

Оставете коментар