Проблеми во рајот – Роналдо сака овие играчи да си заминат од Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо сака неговите соиграчи да бидат исфрлени од првиот тим.

Португалецот наводно смета дека Герет Бејл и Карим Бензема не треба да играат во првиот тим на Реал Мадрид.

Роналдо мисли дека Бејл не треба да има гарантирано место во првиот тим поради проблеми со неговата форма и физичката подготвеност.

Лоша вест за македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас

Бејл во 2013 година од Тотенхам премина во Реал и беше еден од стандардните играчи, но во претходните неколку месеци е под притисок поради добрите игри на Иско и Марко Асенсио.

Роналдо смета дека двајцата млади играчи заслужуваат да играат поредовно, за разлика од овие двајца ветерани.

Иско го замени Бејл во текот на враќањето после повредата на зглобот и листот и играше феноменално, додека Асенсио постигна гол во финалето на Лигата на шампионите, а во неодамнешното реми против Валенсија во првенството постигна два гола.

Шпанските медиуми пренесоа дека Роналдо инсистира и тренерот Зинедин Зидан да размисли за исфрлувањето на Карим Бензема од првиот тим, со што би се разбило напаѓачкото три наречено “BBC”.

Оставете коментар